Мартин Карплус, Мајкл Леви и Ари Варшел се добитници на годинешната Нобеловата награда за хемија. Наградата ја добија поради развојот на компјутерски модел кој се користи за предвидување и разбирање на хемиски процеси. Овие системи ќе овозможат подобро проучување и разбирање на комплексните хемиски реакции како фотосинтеза и согорување, но и креирање на нови лекови.
„Денеска компјутерот е исто толку важна алатка за хемичарите како и евруветата. Симулациите се толку реалистични што ги предизвикуваат резултатите на традиционалните експерименти.“, вели Нобеловиот комитет.
Мартин Карпулс е професор на Универзитетот Харвард и Универзитетот во Страсбург; Мартин Левит предава на Стенфорд; а Ари Варшел е од Универзитетот Јужна Калифорнија. Програмите кои тие ги креираа ги имплеметираат класичните закони на динамиката поставени од Исак Њутн, за да го следат движењето на голем број на атоми и законите на квантната физика за да го објаснат распаѓањето на хемиските врски.
„Накратко, развивме начин со кој компјутерите ја земаат структурата на протеините и потоа и дознавааат како ги прават работите кои ги прават. Ако имате ензим кој ја вари храната, сакате да дознаете како се случува ова и можете да го користите за производство на лекови или како во мојот случај да си ја задоволите љубопитноста.“, вели проф. Ари Варсел.
„Сè уште мора да експериментирате, но теоретските предвидувања се толку моќни што можат да заштедат 90 отсто од времето потребно за експерименти и да се концетрирате на 10 отсто каде знаеме дке се наоѓаат најважните резултати“, вели др. Лидин од Комитетот за доделување на Нобеловата награда.








