0 коментари 2 мин. читање 9 јули, 2015

Facebook ви дава поголема контрола за содржината на News Feed-от

Facebook го сака истото што и вие – да добивате релевантна содржина на News Feed-от. Затоа друштвената мрежа стартува нови алатки кои ќе ви дадат поголема контрола на содржината што ви се прикажува. Воведено е приотеризирање на приказните, па така можете да одберете пријател или фан страна од која не сакате да пропуштите приказна. Може и полесно да отследите луѓе или да ги тргнете од пријателите ако не сакате да ги гледате нивните постови. Секако тука ќе има и предлози за други страни кои треба да ги следите. News Feed Preferences може да го најдете најдолу на More менито, под Settings.

Тоа што е интересно е што контролата доаѓа прво на мобилните телефони, поточно објавена е нава верзија за iOS, а ќе следат Аndroid и десктоп. Facebook знае дека над 600 милиони корисници ги користат мобилните верзии кои имаат помали екрани, па приотеризирање на содржината е важно за да ги задржи корисниците да скролаат низ фидот на вести.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top