Дали македонските власти сакале да купат шпионски софтвер од Hacking Team?

Контроверзната италијанска компанија Hacking Team преку медијатор им го презентирала својот шпионски софтвер на македонските власти во октомври 2014 година, според наводни и украдени имејл пораки, објавени на Wikileaks. Италијанската компанија e позната во светот како креатор на софтвер кој пробива енкрипција и ја следи интернет комуникацијата, и е означена од организацијата Репортери без граници како еден од „непријателите на Интернетот“.

Wikileaks објави 1 милион имејли украдени од Hacking Team, кои најверојатно доаѓаат од неодамнешен хак тежок 400GB од непознати напаѓачи. Во објавениот торент има куп детали за работата на контроверзниот италијански безбедносен тим: од тоа како работи нивниот шпионски софтвер, за злонамерните aлатки кои ги користеле да пробиваат имејл и енкрипција, и како соработувале со диктаторски режими зад грбот на Обединетите Нации.

По објавување на првичниот хак, во листата на клиенти на Hacking Team ја нема Македонија. Но, Wikileaks објави десетици имејли пораки во кои се споменува „macedonia“ како термин. Веродостојноста на имејл пораките не може да се тврди, иако Wikileaks тврди дека се извлечени од компјутерите на Hacking Team.

Повеќето имејлови се тривијални, но една од поинтересните пораки е имејл кој датира од „2014-11-07“. Во него се вели дека Hacking Team ја користел хрватската компанија Alafatec Group како медијатор да оствари продажба на софтвер на македонските власти, поточно со Македонската разузнавачка служба и Министерството за внатрешни работи. Во понатамошен разговор е наведено дека Alfatec одржало презентации за софтверот на Hacking Team при крајот на октомври на двете агенции (се мисли на МВР и УБК), и дека во 2015-та година ќе покажат демо како функционира софтверот.

Иако во тој имејл не пишува за каков софтвер се работи, во друга коренсподенција од „5 ноември 2014“ помеѓу Alfatec и Hacking Team се вели дека се работи за шпионскиот софтвер Galileo, претходно познат како Da Vinci. Во друг наводен имејл, за кој Wikileaks вели дека е украден од Hacking Team, кој датира од „2014-10-10“, хрватскиот Alfatec бара од Hacking Team повеќе детали за „тивко следење на Android уредите“ за да го презентираат на министерствата за внатрешни работи на Македонија, Косово и Црна Гора.

Шпионскиот софтвер Galileo е објаснет како софтвер кој може да ја пробие енкрипцијата што „ги спречува властите и разузнавачките служби да ги следат и спречуваат криминалците и опасностите по безбедноста на земјата. Remote Control System (RCS) e решение дизајнирано да ја избегне енкрипцијата преку агенти директно инсталирани на уредите што се следат. Софтверот, кој се продава легално, работи така што тајно собира докази од следените уреди, податоците кои се пренесуваат од уредот до далечински сервер се енкриптирани и не може да им се најде трага“, се вели на официјалната страна на Hacking Team.

Постои и имејл коренсподенција помеѓу Hacking Team и Александар Чоковски од скопската Navayo Technologies за продажба на софвер за потребите на македонската Царина. Navayo според нивниот сајт изработува решенија за енкриптирана комуникација и пренос на податоци. Ова е објаснувањето на г. Чоковски во врска со мејловите до Hacking Team.

И покрај нивното лошо ренoме, софтверот на Hacking Team е легален. Ако се користи етички, или како што е наведено на официјалната страна, тогаш нормално е секоја безбедносна служба да има алатки со кои ќе може да спречи криминал и терористички напади.

Во ниту еден од имејлите нема индикации дека македонските власти купиле таков софтвер за следење на интернет комуникацијата.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
4 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
novica
6 years ago

На е-набавки има 3 тендери отворени за царинска управа што се поврзани со ИКТ технологии. Ниту еден не личи на тоа што Чоковски го бара.

novica
6 years ago

Исто така: Александар Чоковски од Navayo Technologies DOOEL Skopje го има како преговара за купување софтвер – surveillance and monitoring solution for Macedonian Customs.

Мејловите се со датум 1.7.2015.

Viktor Dano
6 years ago
Reply to  novica

Ги видов, и не го пишав бидејќи се работи за царина и опрема за мониторинг што може да биде било што. Ова погоре се однесува конкретно на софтвер за шпионирае и на МВР.

Дамјан
Дамјан
6 years ago
Reply to  Viktor Dano

Da: Aleksandar Chokovski [mailto:[email protected]]
Inviato: Tuesday, June 30, 2015 05:14 PM
A: Marco Bettini
Oggetto: Inquiry

Hello,

My company is a supplier to the Macedonian government with IT security
solutions. They asked us now, since we have the expertize to find a good
surveillance and monitoring solution for Macedonian Customs.
Their needs are not so big as the police or military, but by the law
they can conduct "special investigation measures".

види ги сите огласи на kariera.it.mk