Facebook споделува податоци со кинески компании кои се на „црната листа“ на САД

Најголемата друштвена мрежа не може да крена глава од проблеми. Неодамна компанијата тврдеше дека корисникот има потполна контрола врз податоците кои ги споделува. Истражувањето на New York Times покажа дека ова не е случај, а сега дознаваме дека и компании кои се под санкции од властите во САД биле дел од партнерите на Facebook. Ова можеби и не е изненадување со оглед на тоа дека партнери на Facebook се околу 60 производители.

Huawei е најверојатно најпознатата од овие компании, иако на листата е и ZTE. На листата се и Lenovo, Oppo и TCL. Со договорот Facebook споделувал дел од податоците на корисниците со компаниите. Ова е направено без знаење на корисниците, кои можеби сметале дека некоја содржина споделуваат само со своите пријатели.

Договорот е од 2007 година и неговата цел е да обезбеди апликацијата на друштвената мрежа да биде достапна до корисниците. Производителите со податоците можеа во телефоните да интегрираат функции од друштвената мрежа. Пример, листи на пријатели, копче „ми се допаѓа“ и слично.

„Веста дека Facebook обезбедил пристап до API-то за кинески производители како Huawei и TCL отвора простор за грижа. Едвај чекам да дознаам како Facebook обезбедил податоците на корисниците да не се испраќаат на кинески сервери“, вели сенаторот Марк Ворнер.

Друштвената мрежа одговори дека овие податоци не биле испраќани до серверите на компаниите, туку останувале на телефонот на корисникот. Секако компанијата не може да го тврди ова со сигурност, иако според договорот кој го имаат со производителите ова треба да е така.

Секако Facebook не е единствената американска компанија која соработува со кинески партнери. Најверојатно има куп други, но најголемиот проблем на друштвената мрежа е што неколку прилично големи скандали следат во период од помалку од една година.

Причината за санкциите на Huawei се поради тврдењето дека производителот не се придржувал на санкциите кон Куба, Иран, Судан и Сирија, објасни New York Times. Во април властите во САД одлучија дека нема да соработуваат со компании кои ги сметаат за опасност по националната безбедност.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk