Facebook со нов дизајн, повеќе вести и реклами

во Веб

{mosimage} Facebook подготвува ре-дизајн на профил страните. Ова се откри од една презентација испратена од друштвената мрежа до маркетинг агенциите. Презентацијата покажува дека новиот дизајн се фокусира на повеќе содржина. По се изгледа Facebook сака да ги направи профилите поактивни, собирајќи ги сите интересни информации од пријателите на почетната страна. Повеќе внимание ќе добијат и рекламите и фан групите, односно ќе бидат поголеми и вметнати во фидот за вести, што може да привлече повеќе реклами за друштвената мрежа.

„Facebook ги врати информациите назад во стримот со вести бидејќи луѓето така сакаа, вклучувајќи ги и фото таговите, пријателствата, врските, настаните и групите.“ вели Facebook во презентацијата првин објавена од Mashable.

Целата страна е малку поедноставена, односно направена е да „го поедностави корисничкото искуство на почетната страна со Тop News и Recent Activity фидови.“ пишува во презентацијата .

{mosimage}

Во новиот дизајн се гледа дека „Highlight" модулот, од десната страна на профилот, е тргнат. На негово место се ставени рекламите кои се зголемени. Рекламите, настаните и фан групите ќе се појавуваат и во стримот со содржина.

{mosimage}

Инаку се уште не се знае кога ќе биде преставен новиот дизајн ниту дали ќе остане како што е во презентацијата подолу. Facebook потврди за theNextWeb дека дизајнот ќе се промени, но … „Моментално тестираме различни дизајни за фидот за вести и за почетната страна со одредени корисници.“ велат од друштвената мрежа.



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments