{mosimage}Американската шпиунска организација ќе ви ги чита блоговите, ќе ви ги следи твитовите и дури ќе проверува кои книги сте ги купиле од Amazon, пишува Wired.
In-Q-Tеl, делот за инвестиции на CIA, фрла многу пари во Visible Technologies, софтверска компанија која е специјализирана за мониторинг на друштвените мрежи, известува Wired магазинот кои пишуваат дека ова е тренд во шпиунските организации да се искористат „информациите од отворен карактер“ односно информации кои се отворени и достапни на јавноста, но се скриени меѓу поплавата од телевизиските емисии, текстови од весници, блог постови, онлајн видеа и радио прилози кои се појавуваат онлајн секој ден.
Технологијата на Visible овозможува пребарување (crawling) на половина милион веб 2.0 сајтови на ден! Собирајќи ги сите информации, паметната технологија може да ги острани сите глупости и да го извлече тоа што е најпотребно за своите клиенти кои можат да си одредат по кои клучни зборови да се врши пребарувањето.
Пример, еден од клиентите е и Microsoft за кои Visible го следат реакциите и мислењата на луѓето за новиот Windows 7.
Според експертите ова не е голем проблем за безбедноста на личните информации. Стивен Афтергуд од Federation of American Scientist рече за Wired дека „се што е надвор на отворено е фер да се собере.“. Како јавни информации се водат информациите објавени на блоговите, Flickr, Twitter, личните сајтови… но, интересно, оваа технологија нема пристап до затворени друштвени мрежи како што е Facebook.
„Но иако информациите се отворено собираат од шпиунските служби, сепак може да биде проблематично ако тие информации се искористат за нешто недозволено. Агенциите може да ги искористат алатките за да соберат информации за политичките конкуренти, новинарите и други. Тоа не е дозволиво, иако информациите се јавни.“ вели г-дин. Афтергуд.
{mosimage}






