Дали ви здодеа постојано да ги гледате истите постови на вашиот Facebook ѕид, лажни слики и линкови кои ве носат на сосем различна содржина? Добра вест е што му здодеaа и на Facebook. Друштвената мрежа најави дека ќе воведе промена во начинот на промовирање и споделување на постовите. Отсега сите корисници кој споделуваат ист линк или слика повеќе пати ќе бидат казнети од друштвената мрежа. За почеток ќе бидат опфатени три типови на постови: „мамки за лајкови“, пречесто споделувана содржина и спам линкови. Ова ќе значи дека отсега Facebook страните ќе мораат да ги променат своите навики или ризукуваат Facebook карантин.
„Промените кои ги правиме денес подобро да ги детектираат сториите и помагаат да овие статуси да се појавуваат почесто во вестите околку релевантните стории од пријателите и останатите страни. Оваа надградба нема да влијае на сајтовите кои се обидуваат да развијат дискусија помеѓу корисниците… “, вели Facebook.
Еве неколку едноставни упатства кој може да помогнат да не се соочите со казна од друштвената мрежа.
- Доколку не организирате избор за најубаво бебе не барајте „Да видиме колку лајкови може да собереме за малиот ….“, ова важи и за сите останати постови со кој ќе барате од пријателите лајкови од било која причина. Доколку друштвената мрежа забележи дека го правите ова ќе ја намали вашата застапеност.
- Не споделувајте иста содржина, засега можете да го смените описот на содржината кога ја споделувате, но наскоро Facebook можеби ќе го подобри алгоритмот за споредување на содржини.
- Не споделувајте линкови кои водат до различна содржина отколку што е наведено во линкот. Ова не само од причина што Fаcebook ќе ве казни туку голема е веројатноста дека на голем дел од корисниците ќе им здодеат поканите да разгледаат линкови кои се рекламираат како примамлива содржина, но водат до реклами на пример.
Добриот News Feed е од интерес на друштвената мрежа, па иако можеби изгледа дека Facebook нема да ги казнува големите компании кои се самопромовираат на овој начин, лошиот News Feed ќе ги принуди корисниците да се преселат на некоја нова друштвена мрежа, а со тоа ќе заминат и добар дел од парите од рекламите.








