0 коментари 2 мин. читање 11 април, 2014

Google ги објави развојните алатки за Project Ara

Google ја објави развојната алатка за Project Ara, Project Ara MDK (Module Developer Kit). Верзијата 0.1 доаѓа со технички упатсва за креирање на модулите, а главниот документ е објаснување за изгледот и големините на телефонот и кој модули ќе можат да се приллучат на кои портови. Како што најави Google и претходоно Project Ara ќе доаѓа во три големини, но сега веќе поизвесно дека најголемата арматура ќеизлезе подоцна. Бројот на модули кои може да се вградат на телефонот зависи од големината, но најголем дел од модулите одговараат на сите големини на скелетот.

„Успехот на Project Ara зависи од богат, жив и разновиден екосистем од модули од голем број на девелопери“

Засега основата (скелетот) ќе биде произведувана единствено од Google и тешко е веројатно дека ова ќе се пормени и во иднина, бидејќи овозможува своевина контрола која Google ја има врз целиот проект. Засега компанијата има напатствија и за дел од модулите како; WiFi, батериите, камера, дисплеј, слушалки и слично, што не значи дека не можат да се крираат модули различни од предложените, но девелоперот ова ќе го прави без подршка од документација.

Што се однесува до напатствијата за корисниците и начинот на кој тие ќе можат да ги склопат телефоните, се очекува наскоро да биде објавена Project Ara помошна алатка, која ќе им помогне на корисниците да ги дизајнираат своите телефони.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top