Facebook ја надмина бројката од 350 милиони корисници, а Марк Зaкерберг, основачот на друштвената мрежа, очекува дека до крајот на годината Facebook ќе има 375 милиони корисници.
Што се однесува до македонските корисници на Facebook моментално има 458.000 македонски корисници од 13 до 64 години, според статистиката на Facebook.
Дополнително Facebook ќе објави нова „Полиса за приватност“. Дел од промената е и тргањето на регионалните мрежи за да корисниците имаат поголема приватност. Пример, доколку сте регистрирани во регионалната група Македонија, секој член од таа група ќе може да ви го гледа профилот. Дури и тие кои не ги познавате и не сакате да имате контакт со нив. Сега Facebook тоа ќе го смени. Како? Од Facebook велат дека работат и тестираат нови сетинзи за кои секој корисник ќе биде известен во наредниве недели. Ќе биде поедноставена страната за приватност, за да биде појасна за корисниците.
Друга голема промена на приватноста е „Publishing Control” контролата на корисникот врз секоја индивидуална содржина, односно ќе контролирате кој може да го гледа/чита секое парче содржина.







