Дали Apple се посрамоти со дизајнот на Smart Battery Case?

0 коментари 1 мин. читање

Новoто нешто од Apple не е телефон, таблет компјутер или некој друг убаво дизајниран уред, туку чудна маска за iPhone 6S. Маската е наменета да го штити телефонот, и да функционира како дополнителна батерија која овозможува телефонот да функционира без полнење до 25 часа. Доколку имате постар модел, за жал ќе мора да користите некои од производите од други компании – новата паметна маска доаѓа единствено за iPhone 6 и iPhone 6s.

Она што сепак е позитивно изненадување е дека ова е прва интегрирана батерија од Apple од 2007 година кога беше претставен првиот iPhone, вели Appleinsider. Маската е изработена од силикон, и доаѓа со приклучок кој овозможува истовремено полнење на батеријата на телефонот и батеријата интегрирана во маската. Батеријата е поставена на задниот дел речиси во цела должина на телефонот. За жал, како и останатите уреди од Apple, цената на маската се чини превисока. За Smart Battery Case ќе бидат потребни 100 долари.

Со исклучок на цената станува збор за корисна идеја бидејќи на секој корисник на паметен телефон му е потребна подобра батерија. Но, тоа што разочарува е дизајнот.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед