Facebook сака соработка со медиумите, но има проблем со цензура

Најголемата друштвена мрежа, Facebook, го најавува Facebook Journalism Project. Платформата наменета за новинарите треба да им овозможи на корисниците да дискутираат за вестите, да се поврзат меѓу себе и да се информираат.

За оваа цел Facebook создаде програма која ќе ги зајакне врските помеѓу Facebook и медиумите. Соработката со медиумите ќе овозможи нивно директно учество во развојот на платформата.

Друштвената мрежа не се откажала ниту од 360-видеата и ќе се обиде да ги наметне како нова форма за раскажување. Дополнително Facebook ќе работи на подобра имплементација на содржините во живо и на „Instant articles“. Од компанијата ветуваат поддршка за локалните медиуми, од кои и најчесто започнуваат приказните. Друштвената мрежа сака да ги поддржи, но засега не знае како и оваа иницијатива е во многу рана фаза.

Едно од местата од кои ќе се црпат идеите за надминување на предизвиците, остануваат хакатоните. Facebook ветува дека ќе ја продолжи оваа пракса и ќе организира хакатони во кои ќе учествуваат инжинери на компанијата и новинари.

Дополнително најавени се онлајн курсеви и тренинг за новинари. Курсевите се однесуваат на користење на социјалната мрежа и на Instagram. Дополнително дел од обуката е и за користење на алатките на Facebook: Instant Articles, Live и 360-видео. Тренинг освен за новинарите ќе се организира и за читателите. Овој тренинг ќе им објасни на читателите за веродостојноста на изворите, вести на кои можат да им веруваат. За ова компанијата планира соработка со партнерски компании, но и финансирање ако тоа е потребно.

За жал веста доаѓа во период во кој Facebook е обвинет за цензура во Тајланд. Компанијата ги брише постовите во оваа држава кои не и се допаѓаат на владата, јави TechCrunch. Според законите во Тајланд се забранува критика на кралското семејство. Поради ова на барање на Тајланд, друштвената мрежа цензурираше постови од Ендрју Мекгрегор Маршал. Г. Мекгрегор е поранешен дописник на Reuters, а сега професор во Единбург. Објавите кои се отстранети се одбележани како „опасност за националната безбедност и мир во општеството“ од властите во Тајланд.

Повеќе за проектот може да прочитате на следниов линк.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments

ит кариера

Matrix IT Global Services Macedonia

Senior Software Automation Engineer

Matrix IT Global Services Macedonia

Product Operations

Matrix IT Global Services Macedonia

Software Developer

види ги сите огласи на kariera.it.mk