DeepDrive проектот на Крег Куитер ќе им овозможи на автономните возила да експериментираат со возилата во видео игрите. Прва игра која го овозможува ова е Grand Theft Auto V, јави TechCrunch. Тренингот во GTA е овозможен од поодамна, но сега со OpenAI е далеку поедноставно.
OpenAI Universe е проект стар една година и овозможува користење на Flash игри и симулации во прелистувач. Проектот е поддржан од Илон Маск и Сем Алтман.
Тренирањето на вештачката интелигенција ќе овозможи тестирање во безбедни услови. Сепак моделот кој ќе биде тестиран е модифицирана верзија на играта. Играчите нема да можат да бидат насилни. Кодот за верзијата е јавно достапен и може да биде преземен. Корисниците кои ќе го преземат потребниот софтвер ќе можат да се приклучат и да ѝ помогнат на вештачката интелигенција да го разбере сообраќајот. Симулациите се клучни за развој на вештачката интелигенција и најчесто тренирањето е многу посложено од возење во обичната Grand Theft Auto.
Ова секако е поради тоа што возeњето на патишата е далеку посложено. Сепак GTA V е поблиску до реалноста од Flash игрите кои се користат за тестирање и тренирање.