Facebook отстрани стотици профили со ликови креирани со вештачка интелигенција

Facebook профили со лица креирани со помош на вештачка интелигенција се користат како поддршка на претседателот на САД Доналд Трамп, ни  и за да се пренесат пораки против Кина. Безбедносните експерти од Graphika and the Digitial Forensics Research Lab велат дека ова е првпат овие податоци со олкав капацитет да се користат за дезинформирање на друштвените мрежи, пренесе Reuters.

Веста ја потврди и најголемата друштвена мрежа додавајќи дека отстраниле 610 Facebook профили, 89 страници, 152 групи и 72 Instagram профили. Групата само на реклами потрошила 9 милиони долари. Што се однесува до темите кои се промовирани, станува збор за „жешки“ политички теми, на пример импичмент, но и конзервативна идеологија, политичари, избори и слично. Имињата на дел од групите кои сега се избришани се: „America Needs President Trump“, „TRUMP MAGA 2020“, и „WE STAND WITH TRUMP & PENCE!“.

Групата која сега управувала со страните и профилите е Beauty of Life и е дел од Epoch Times. Epoch се обиде да ја демантира веста и да објасни дека компаниите се посебни и BL е компанија на поранешни вработени. Сепак Facebook како дополнителен доказ посочи дека директорите на оваа компанија се администраторите на Epoch Times.

Ликовите кои ги користела групата се креираат со помош на вештачка интелигенција која се тренира со слики од луѓе. По завршувањето на учењето вештачката интелигенција самата може да  креира ликови на луѓе кои не постојат и секако не ги видела претходно. Засега благодарение на грешки околу ушите и Позадината е лесно да се забележи дека не станува збор за луѓе, но во иднина како што ќе се подобрува технологијата и сликите ќе бидат пореалистични.

 

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments