0 коментари 1 мин. читање

Првиот фудбал на Светското првенство ќе го шутне парализиран тинејџер со егзоскелет

Веќе пишувавме дека Светското фудбалско првенство во Бразил ќе биде отворен од егзоскелет контролиран од парализиран тинејџер. Неодамна Guardian ја посети лабораторијата во Универзитетот Колорадо во која се креира шлемот во кој се поставени електродите кои ги отчитуваат сигналите кои понатаму се користат како сигнали за задвижување. За изработка на шлемот е применето 3Д-печатење и тоа секој слој е изработен посебно со цел да може да се вметнат електродите.

Освен користењето на егзоскелетот, познат е и дел од церемонијата пред натпреварот помеѓу Бразил и Хрватска. Најпрво во инвалидска количка до центарот на игралиштето ќе биде доведен парализираниот тинејџер. Потоа тој ќе стане ќе отиде до топката и ќе го изведе шутот со што првенството ќе биде прогласено за товорено. Светското првенство започнува за 16 дена, на 12 јуни.

[youtube]xBl7uTHyXJE[/youtube]

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top