Facebook подготвува нови премиум реклами

0 коментари 1 мин. читање

Друштвената мрежа ќе ги надогради своите премиум апликации на 29 февруари. Според презентацијата на Fаcebook, објавена од GigaOm, друштвената мрежа има оптимистички став за новите реклами, очекува тие да бидат 40 до 80 отсто поефикасни.

Новите премиум реклами ќе им обезбедат на оласувачите да креаираат реклами од постови на фан страните, пример статус или фотографија. Слично како што корисниците можат да промовираат пост во својот Timeline, така огласувачите ќе креираат промотивни постови.

Тоа што е важно да се напомене е дека фан страните на брендовите се уште немаат свој Timeline профил, кој се очекува наскоро. Сигурно такви редизајнирани фан страни ќе бидат оптимизирани да истакнуваат реклами.

Facebook Premium Ads Overview

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Мени
Заедница
Изглед