2 коментари 2 мин. читање 15 септември, 2011

Facebook почна да го копира Twitter, воведе опција за следење профили

Facebook претстави нова опција која ќе им овозможи на корисниците да следат содржини од било кој профил, без разлика дали го имаат како пријател или не. Станува збор за опцијата Subscribe, која звучи звучи слична со Twitter, бидејќи таму можете да следите било кој профил без да мора да бидете и вие следени. Круговите на Google+ функционираат на истиот принцип.

Опцијата Subscribe може да се најде кај профилите на вашите пријатели, на десната страна од името. Со пристискање на копчето Subscribe, корисниците ќе можат да одберат дали да ги следат сите содржини кои ги споделува личноста, повеќето од нив или пак само важните. Содржините кои ќе бидат споделувани се појавуваат во вашиот стрим.

Се разбира доколку следите вакви профили, во вашиот стрим ќе се појавуваат само оние содржини кои се јавно споделени. Исто како и со профилите кои ви се пријатели, и тука можете да одберете колку од споделената содржина ќе се појавува во вашиот стрим. Добрата работа е тоа што за да може некој да ги следи оние содржини кои се јавно споделени, личноста чиј профил е следен мора да се упати на страницата Subscriptions и со кликање на Allow Subscribers да го дозволи тоа. Доколку некој не кликне на Allow Subscribers, копчето Subscribe нема да се појави на неговиот профил.

Напишано од

Мартин Јовчески

Мартин Јочвески е дипломиран филолог, основач на музичкиот веб сајт, Bass Infusion, како и радио водител на Канал 103 и Студент ФМ. Покрај љубовта кон музиката, Мартин има огромен интерес за најновите остварувања во информатичката технологија и мобилната телефонија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
дае
дае
14 years ago

Ги копира и гугл+ (листите)

123321
123321
14 years ago

nema vrska

Мени
Заедница
Изглед
To top