0 коментари 2 мин. читање 13 јули, 2010

Eдитирајте видеа со YouTube Editor

Едитирањето на YouTube видеата се прави во две страни од сајтот, но во три едноставни чекори:

  • Прв проблем со YouTube Editor е што не може од таму да се закачуваат видеа, па мора да го направите тоа по стандардниот пат преку YouTube профил страната со Upload копчето.
  • Потоа доaѓa Editor-от со кој можете да ги скратите видеата, да исечете дел, да залепите други видеа, нив да ги исечете… можете да додадете вкупно 7 дела во тоа што треба да биде конечниот продукт. Можете да додадете и аудио, односно да си изберете песна од еден куп музичари.
  • Можете да додадете и аудио, односно да си изберете песна од еден куп други артисти.
  • Откако ќе скратите и залепите кликнете Publish. Тоа не значи дека едитирањето завршува тука. Кликнете на вашиот профил -> My Videos. Таму ќе најдете Edit опција за додавање информации и опис за видеото, за датумот и местото на локацијата. На Annonations ќе најдете опција за додавање на текст било каде во видеото, по можност со линк. Тука имате опција за додавање Captions, односно титлови. И секако опција AudioSwap за промена на музиката во позадина.

На крај после едитирањето ќе добиете вакво ремек дело. :P
[youtube]7nnX01iQisI[/youtube]

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top