2 коментари 1 мин. читање

Facebook му враќа на Yahoo со контра-тужба

Двете компании започнаа судска војна. Првин Yahoo му се закани на Facebook со тужба за прекршување на патенти, на што друштвената мрежа одговори со контра-тужба во која се наведува прекршување на патенти.

„Рековме дека ќе се браниме енергично против тужбата на Yahoo, и денес го поднесовме нашиот одговор заедно со контра-тужби против Yahoo за прекршување на десет патенти на Facebook.”, вели адвокатот на Facebook, Тед Улјот. „Додека ги прегледуваме тужбите, тоа ќе го правиме со кратко-видоста на одлуката на Yahoo да нападне еден од партнерите, приотеризирајќи парничење преку иновации.“

Според Facebook, Yahoo им прекршува десетте патенти коги го вклучуваат изгледот на почетната страна, оптимизацијата на содржината, енџинот за релевантност, Flickr споделување и маркетинг.

Yahoo oдговори на контра-тужбата велејќи дека ова е „циничен обид да се одвлече вниманието од слабата одбрана“.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.

Најави се и отвори тема

Напишаното ќе остане зачувано во овој прелистувач.

2 постари WordPress коментари
Мени
Заедница
Изглед
To top