1 коментар 1 мин. читање

Instagram за Android e симнат над еден милион пати за само 24 часа

Конечно Android корисниците нема веќе да се чуствуваат изоставени од популарната апликација за споделување фотографии. Instagram која беше ексклузивно достапен само за iOS сега и официјално е достапен зa Аndroid.

Популарноста на оваа апликација може да се види од неверојатните 1 милион симнувања во рок од само 24 часа, со 2.000 логирања во минута. Овие бројки го прават Instagram најголемото објавување на апликација во историјата на Google Play (претходно Android Market).

Instagram стана омилена апликација на мобилните корисници бидејќи покрај лесното споделување на фотографиите, апликацијата нуди и филтри за инстант уредување на сликите.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top