Facebook креира конкурент на Yelp и Златна книга

Друштвена мрежа, редизајнирани Notes, стримање на видео во живо… како што веќе знаете, Facebook станува платформа за сé. Но, му фалеше нешто, и тоа доаѓа во форма на Facebook.com/services. Оваа нова услуга ќе овозможи пребарување на Facebook страници на локални продавници и бизниси според оценките на корисниците. На кратко, Facebook се обидува да направи ривал на популарниот американски Yelp или на македонската Златна книга, со таа разлика што ќе биде достапен глобално.

Засега, услугата е во рана фаза на тестови, па нема ниту официјално известување од социјалната мрежа. Овозможува да се пребаруваат различни компании и услуги по категории, на пример продавници за животни или пицерии и друго, во еден вид на Златна книга. Засега нема никакво филтрирање на бизнисите, ниту по близина до локацијата на корисникот, а ниту по добри препораки или лајкови од пријатели, но се чини дека има филтрирање по висината на рангирањата. Веќе постои рангирање на фан страните, иако е малку забутано на страниците и ретко се користи. Податоците за компаниите доаѓаат директно од страниците на компаниите, заедно со телефонските броеви и времето на работа, вели TechCrunch.

Сервисот е достапен и во Македонија, а се чини дека ова е еден од ретките случаи каде компанијата тестира на глобално ниво. На почетокот на декември дури 50 милиони бизниси беа присутни на Facebook, па новата функционалност не е никакво изненадување.

facebookservices

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments