Катанчето беше воведено во мај бидејќи се крена галама околу приватноста на Facebook, па беше воведено со цел корисниците да можат да избираат со кого ќе споделуваат информации – со пријатели, со пријатели на пријатели, со сите или само со одредени луѓе.
Наместо тоа сега при пишување на статус Facebook ќе ви покаже со кого споделувате статус, слика, видео… како на сликата погорe.
Ова е интересна новина земајќи в предвид дека катанчето скоро и да е неприметливо и многу корисници го игнорираат. Промената ќе помогне при одредување на приватноста и тоа што се објавува на мрежата. Од друга страна може да помогне на Facebook да се генерираат повеќе јавни постови, бидејќи корисниците знаејќи ја опцијата ќе може да го менуваат степенот на приватноста.








guten abend