0 коментари 2 мин. читање 6 март, 2013

Facebook ќе стартува нови стримови за фотографија, музика и можеби Instagram

Facebook на својата прес конференција во четврток ќе претстави нови начини на филтрирање на содржината во фидот на вести, вели TechCrunch повикувајќи се на извори блиски до компанијата. Тие филтри ќе бидат Photo feed или Instagram feed, и Music feed преку кој корисниците ќе можат да прегледаат информации само за музиката која пријателите ја слушаат.

„Зошто Facebook додава нови стримови? Бидејќи сме зависни од информацијата. Дај ни фид и ние ќе го прочитаме. Но кога ќе скролнеме надолу ќе наидеме на содржина која се повторува. Затоа Facebook планира да претстави нешто поинакво на 7-ми март. Ако „новиот изглед“ на фидот за вести се покаже како функционален, тогаш ќе трошиме повеќе време на Facebook и ќе гледаме повеќе – и поинтензивни – реклами.“, пишува ИТ блогот.

TechCrunch вели дека Facebook е заинтересиран за воведување на повеќе специфични фидови, како фид за вести или фид за виде, па дури и фидови на популарни сајтови како Reddit. Но, проблемот кој треба првин да се реши е како да не натрупа фидот и да се оддели содржината.

Заедно со новите фидови ќе има и редизајн на фотографиите кои сега ќе бидат поголеми, ќе има реклами базирани на сликите и ќе има мобилни фидови кои ќе бидат „радикално редизајнирани“ за iOS апликацијата. Но, тие промени за паметните телефони се уште не се готови.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top