Facebook ќе стартува платформа за мобилни реклами на F8

На престојната конференција F8, закажана за крајот на април, Facebook ќе ја претстави својата огласувачка платформа за мобилните телефони, откриваат извори за Re/code. Facebook ќе им ја понуди платформата на компаниите и огласувачите за да пласираат реклами и на мобилните телефони, користејќи го моќното таргетирање на Facebook. Платформата нема да биде за рекламирање само на Facebook, туку, како што беше објаснето уште во јануари, ќе ги пласира таргетираните реклами на различни апликации.

Во последните три месеци на 2013-та година, Facebook направил околу 1,2 милиајрди долари од мобилните реклами (над 50% од приходите од реклами), па иако до сега мрежата не сакаше да троши ресурси на мобилна платформа, ваквите приходи едноставно ја натераа да креира своја платформа која, според Re/code, ќе му помогне на Facebook да направи пари од милијардата корисници кои немаат профил на мрежата. Според Facebook, ваква платформа може да го промени „пејсажот на дигиталното огласување“. Причината за ваков оптимизам е што Facebook таргетира луѓе, и нема потреба од интернет колачиња.

„Мобилната платформа на Facebook има потенцијал да го промени пејсажот на дигиталното рекламирање. Таргетирањето преку Facebook е прецизно и може да се користи преку различни уреди, што значи дека може да стигнете до точните луѓе кои ги сакате без врска дали се на телефон или на лаптоп. Овој пристап базиран на луѓето е следната генерација на огласувањето и најверојатно ќе стави крај на огласувањето базирано на колачиња, што доминираше во последната декада“, вели Џејмс Буроу, директор за стратешки маркетинг во Facebook.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments