0 коментари 2 мин. читање 22 април, 2013

Facebook Home e симнат над 500.000 пати во првата недела

Home, новиот почетен екран на Facebook за Android, е симната над 500.000 пати во првата недела од официјалното објавување. Оваа бројка можеби е мала во споредба со бројот на корисници на Facebook, па и во споредба со некои популарни апликации, пример Instagram беше симната еден милион пати за само еден ден. Но, знаејќи ја функционалноста – Home не е обична апликација, тука го претвара вашиот Android во Facebook телефон – сепак 500.000 корисници на кои им здосадил вообичаниот Android изглед (или сакале да го тестираат Home) и не се толку малку.

Според Forbes, оваа бројка треба да биде гледана како победа за Марк Закерберг кој најде нови можности на мобилниот пазар, и победа за маркетинг тимот кој претстави апликација без грешки. Може да се очекува дека бројката на симнувања брзо ќе порасне, бидејќи Facebook ќе го форсира Home за Android корисниците. Во моментот Facebook за Android го користат од 100 до 200 милиони корисници. Но, тоа што ќе му пречи на Facebook е нискиот рејтинг кој го има апликацијата, само 2 ѕвезди од 5 од над 11.000 рецензии од корисниците.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top