Facebook го завршува експерименот, крај и за Explorе Feed

Таман сите се подготвија за Facebook апокалипса и целосен крај на органскиот рич, Facebook донесе сосем друга одлука.

Компанијата го завршува експериментот со страниците и го затвора Explore таботот за некои подобри времиња. Се чини дека од друштвената мрежа ја признаваат грешка и се слагаат со корисниците кои сметаа дека делењето на брендовите и пријателите е лоша идеја.

Тестовите на друштвената мрежа кои се одржуваа во неколку држави, помеѓу кои и во нашиот северен сосед Србија, престануваат. Според известувањето, разделениот фид воопшто и не помогнал за она за што е наменет. Целта беше нaмалување на времето поминато на друштвената мрежа, но зголемување на времето поминато на ѕидовите на пријателите.

„Луѓето не сакаат посебни фидови“, вели Адам Мосери од Facebook. Една од причините поради која посебниот explorer фид се затвора е што за корисниците во тест државите беше потешко да дојдат и до важни податоци.

„Неврзано со ова, ставаме крај на Explorer Feed букмаркот на глобално ниво. Истражувањето требаше да им овозможи на луѓето да откријат други страници и јавни личности кои не ги следеа. Сепак, дојдовме до заклучок дека Explore не е ефикасен начин да се направи ова“.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments