0 коментари 2 мин. читање 2 март, 2018

Што се случува со паметните телефони?

Се чини дека времето на нови дизајни на паметни телефони е зад нас. Сите телефони кои излегуваат налкуваат еден на друг. Правоаголник со голем екран.

Ова секако не беше случај до пред неколку години. Тогаш излегуваа куп најразлични телефони: со физичка тастатура; на преклопоување; со извлекување на тастатурата од долу или од страна и куп различни модели.

За жал, денес уредите со поразличен дизајн се концепт телефони. Пример, алката на LG која може да се користи како телефон, или телефонот со еластичен екран. За жал, ниту еден од овие уреди нема да се појави во слободна продажба.

Денес кога дизајнот е во прашање, разликите се помали. Дали е читачот на отпечатоци на предната или на задната страна од телефонот или камерите се помалку или повеќе испакнати. Сепак, некоја значителна разлика помеѓу телефоните и не постои.

Секако ова не важи за хардверот, иако донекаде кога флегшип телефоните се во прашање, хардверот е прилично сличен.

Разликата започна со првиот iPhone. Apple го покажа, а сите други производители го прифатија дизајнот. За жал, иако iPhone придонесе за популарнoст и за забрзан развој на телефоните, уништи еден подолг перод во кој дизајнот влијаеше на популароста на телефонот.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top