Android Go е оперативен систем за телефоните од ниска класа

Android Oreo (Go Edition) треба да овозможи добро искуство на сите корисници кои имаат Android уреди.

Послабите телефони кои доаѓаат со Android оперативен систем, не нудат добро искуство за корисниците. Телефоните често се бавни и нудат ужасно искуство. Android Go е обид на Google да надмине дел од овие проблеми преку оптимизација на оперативниот систем.

Дел од предностите на Go се што за да работи е потребно помалку меморија, само 1 GB RAM или помалку. Самиот оперативен систем зафаќа помалку простор и има помалку апликации кои би зафаќале простор. Неколку компании ги претставија своите уреди кои доаѓаат со овој оперативен ситем, а Verge имаше можност да ги тестира сите.

„Играв со шестте нови Android телефони последниве некоку денови, сите работат релативно добро без забележителни кочења или прекини во анимацијата. Сепак се подеднакво добри како било кој евтин Android телефон кој само што сте го отпакувале. Не сум сигурен како ќе работат по една година од денес, а токму ова е важно“, вели Џејкоб Кастренакес од Verge.

Една од работите кои веднаш се забележува е дека телефонот доаѓа со повеќе слободен простор. Причината за ова е полесниот Android кој во оваа верзија е 3GB. Секако дел од ова отпаѓа и на апликациите кои не доаѓаат со уредот.

Google се обидува да го направи полесно користењето на овие телефони. Така, на Google Play апликациите кои не зафаќаат простор се одбележани. Дополнително, апликациите од Google, пример YouTube, има три различни видеа, со ниска, стандардна и висока резолуција. Секако, секое од овие видеa троши различен сообраќај што дополнително го оптоварува буџетот.

Android Go е одлична идеја на Google која компанијата се обидува да ја имплементира неколку години. За жал, првиот пат без преголем успех.  Изгледа дека иако Google не успеа да ги мотивира производителите да креираат уреди со минимални спецификации, сепак компанијта ќе го олесни оперативниот систем за да работи и на телефони под 50 долари.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments