0 коментари 2 мин. читање 9 ноември, 2012

Facebook го воведува времепловот и на пријателските страници

За тие што не се запознаени, Facebook има посебна страница во која можете да го видите пријателството, односно заедничките работи со пријателите, и до неа може да се пристапи преку иконката десно од „Messages“. Досега на таа страница се прикажуваше популарниот ѕид кој полека заминува во историјата, а Facebook најави дека и тие страници ќе бидат во стилот на времепловот.

Почнувајќи од денес, Facebook започна со имплементација на времепловот на сите страници со пријателите, а во текот на следната недела ќе биде достапна и кај сите корисници на мрежата. Страницата ќе содржи ковер фотографија која Facebook сам ќе ја одбери според некои нивни критериуми, слика за профил, а содржината на времепловот ќе биде собрана од вашиот и профилот на вашиот пријател. Како и кај приватните профили, така и овде ќе можете да го уредувате овој, може слободно да се каже, заеднички профил, а исто така, и правилата за приватност ќе бидат исти како кај обичните профили.

Како ви се допаѓа оваа промена? Инаку, еве фотографија како изгледа(ше) заедничкиот ѕид.

Напишано од

Борис Кузманов

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top