0 коментари 2 мин. читање 14 август, 2015

Facebook го отпушти практикантот кој најде пропуст во Messenger

Аран Кхана, практикант во Facebook и креаторот на Marauder Map доби отказ од друштвената мрежа. Г. Кхана е креатор на Chrome екстензија која овозможува следење на локацијата на секој корисник на Facebook Messenger. Иако Facebook негираше дека е сериозно нарушување на приватноста, oвој безбедносен пропуст подоцна беше закрпен.

Аран Кхана, студент на Харвард, истиот универзитет каде Марк Закерберг го стартуваше Facebook, ја креираше апликацијата како опомена за сите кои не ја исклучиле гео-локацијата на Messnger. Тој во својот пост напиша дека сака да ги предупреди корисниците за опасностите кога се споделува локацијата. Facebook не беше воодушевен од оваа екстензија и побараа од г. Кхана да не разговара со медиумите и да ја повлече екстензијата, а малку подоцна го прекинаа споделувањето на гео-локацијата преку прелистувач.

За жал и покрај тоа што г.Кхана ја повлече екстензијата и сите контакти со медиумите ги пренасочи на друштвената мрежа, Facebook сметаше дека неговиот текст во Medium ја нарушил репутацијата на компанијата и подоцна го прекина неговото стажирање. Но, може да се каже дека г. Кхана само ги следеше прeпораките на негов колега од Харвард. Марк Закерберг еднаш кажа дека „Зборот хакер незаслужено има лоша конотација, главно поради медиумите. Во реалност хакирањето е единствено начин да се крерира нешто набрзина и да се тестираат границите на што се може да се направи.“. Изгледа во Facebook не се преголеми љубители на иронијата.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top