Facebook го копира Instagram, мобилната верзија ќе добие филтри за фотографии

Друштвената мрежа Facebook, во наредните неколку месеци планира да имплементира фото филтери на својата мобилна апликација, директно копирајќи ја апликацијата за споделување фотографии Instagram. Со овој потег Facebook се надева дека ќе ги привлече љубителите на мобилни апликации за споделување фотографии.

Според New York Times, новините кои треба да бидат претставени во мобилната верзија на Facebook се веќе готови, меѓутоа Марк Закерберг има побарано од инжинерите да креираат што повеќе филтери пред да бидат лансирани. Според анонимни извори, Facebook ќе претсави десетина филтери, и некои од нив ќе бидат директни копии на веќе постоечките Instagram филтери. Исто така ќе бидат претставени и нови филтери со цел да се разликуваат од останатите апликации за споделување фотографии и да се привлечат нивните корисници.

Instagram, една од најпопуларните апликации за оперативниот систем на Apple, iOS, направи револуција во начинот на кој се сликаат и споделуваат фотографии. Instagram неодамна достигна бројка од 150 милиони споделени фотографии, и над 8 милиони корисници, благодарение на опцијата да се додаваат филтри на фотографиите и потоа да се споделуваат со своите пријатели.

Според неофицијални извори, Facebook се обиделе да го купат Instagram, но бидејќи очигледно тоа поминало неуспешно, Facebook сега ќе се обиде да биде директна конкуренција на Instagram. Apple исто така најавија дека филтрите ќе бидат составен дел во новиот паметен телефон, iPhone 5.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments