Неодамна SMS пораките прославија 20-тиот роденден. Но, се чини дека и се ближи крајот на оваа технологија благодарение на апликациите кои нудат инстант комуникација преку мобилен телефон.
Facebook со својот нов Messenger за Android сега ќе дозволи инстант комуникација меѓу корисници без да имаат профил на друштвената мрежа. Потребно е само име и телефонски број за да се користи апликацијата и да се праќаат пораки до било кој, не само до Facebook корисник. За разговарање со пријателите ќе биде потребен само интернет пристап, пример бесплатен WiFi, не платен SMS.
„SMS протоколот е е дизајниран за стари телефони, и не ги користи предностите на локација или богатите функционалности како фотографирање.“, вели Питер Денг од Facebook, кој ја најави апликацијата на LeWeb 2012. „Сакаме да ги поврземе луѓето.“
Во моментов оваа апликација е достапна само за Android, и само за пет земји (Индија, Австралија, Индонезија, Венецуела и Јужна Африка), но сигурно ќе ја видиме и на iOS платформата, и во повеќе земји. Можеби ќе видиме и Facebook телефон кој ќе ги искористи сите функционалности на мрежата. За голем дел од мобилните корисници пристап до интернет, Facebook и инстант пораки се се што им треба од мобилен телефон.
Facebook Messenger, Skype (кој го замени Windows Messenger), Apple iMessage, WhatsApp и други апликации за инстант комуникација ги предводат промените во мобилната индустрија. Но, уште поважно ја предводат битката помеѓу интернет компаниите и мобилни оператори на кои SMS пораките им носеа огромни приходи. Но, прашањето не е кој ќе победи, туку каков модел ќе изберат двете индустрии за да соработуваат, и дали тоа ќе биде во полза на корисниците?








Цела Европа масовно користи WhatsApp, Viber е добар за повици меѓутоа WhatsApp е најдобар!!!
Значи ќе фунционира по принципот на Viber, и сличните на него.. ?
Да, станува инстант месенџер за секој кој има телефонски број, не само Facebook профил, иако сигурно ќе биде полесно да се најдат пријателите.