Facebook ги праќал аудио разговорите од корисниците на траскрипција кај партнери

Од 2015 до пред една недела Facebook ги праќал аудио разговорите на дел од своите корисници на транскрипција. Ова важи за сите корисници на друштвената мрежа кои праќале аудио разговори во Facebook Messenger и кои одбрале фукционалност – транскрипција на аудио разговори. Facebook не е осамен во ова, неодамна Amazon, Google и Apple запреа слични програми во кои луѓе прегледуваа дел од транскрипциите.

„Слично на Apple и Google запревме со човечки преглед на аудио разговорите пред повеќе од една недела“, вели портпаролот на Facebook.

Алгоритмите се сè подобри во препознавањето на говор, но засега луѓето сè уште се подобри во оваа улога, ова најмногу важи за содржина со која вештачката интелигенција се среќава за прв пат. Проверката која ја правеше Facebook е во насока токму на проверка на точноста на транскрипцијата на вештачката интелигенција.

Погодени од ова се корисниците кои во Facebook Messenger одбрале да активираат транскрипција, секако да знаеле дека транскрипцијата ќе ја прават луѓе веројатно повеќе ќе внимавале околу дозволата која ја даваат. Иако податоците поврзани со разговорите се анонимизирани, не е правена селекција на разговорите кои се праќале на транскрипција.

Вообичаено оваа содржина се обработува со алгоритми и луѓе не ја разгледуваат воопшто. Веројатно дел од корисниците кои одбрале транскрипција на разговорите мислеле дека тоа ќе биде случај и овој пат. Проверка од други луѓе никогаш не е спомената, ниту дека компанијата споделува чувствителна содржина со трети страни.

Друштвената мрежа соработувала со стотици подизведувачи кои ја правеле транскрипцијата. Луѓето кои ја правеле самата транскрипција не знаеле од каде доаѓаат разговорите, а слушале секаква содржини, понекогаш и вулгарни разговори, пренесува Bloomberg. Една од компаниите кои работеле на транскрипцијата е американската компанија TaskUs, во оваа компанија името на Facebook било скриено под кодот „Prism“.

По оваа објава Ирската комисија за заштита на податоци започна со истрага која треба да покаже дали е нарушено правото на приватност на корисниците. Ирската комисија за заштита на податоци е надлежна за Facebook во Европа.

Facebook по скандалот со Cambridge Analytica ги подобри правилата за користење во кои дообјасни што и како се чува и анализира од корисниците. Сепак аудио разговори или снимки не се споменати нигде, „содржина, комуникација и други информации“.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments

ит кариера

Matrix Global

QA Engineer

Matrix IT Global Services Macedonia

Marketing Strategist

Singular

Team Lead

види ги сите огласи на kariera.it.mk