0 коментари 1 мин. читање 20 јули, 2015

Facebook Messenger може да се користи без профил на Facebook

Сите кои сакаат да го користат Facebook Messenger, но не сакаат Facebook профил, сега можат да го направат ова. Aпликацијата им се приклучи на останатите слични апликации за чет како Viber или WhatsApp, кој е во сопственост на друштвената мрежа. Логирањето преку Facebook ќе биде достапно глобално, иако сега може да се користи единствено во САД, Канада, Перу и Венецуела.

Facebook неодамна ја презентираше можноста за испраќање на пари до пријателите преку оваа апликација, иако се чини дека барем засега за оваа функционалност остатокот од светот ќе почека, бидејќи тестовите се најавени за САД кон крајот на 2015 година. Дополнително Facebook најави дека Messenger ќе стане платформа за која ќе можат да се креираат апликации кои ќе се вклучуваат директно преку апликацијата.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top