0 коментари 2 мин. читање 16 јули, 2015

Обама: Интернетот не е лукзус, тој е потреба

Во својот говор во Канзас Сити, во кој ја претстави ConnectHome иницијативата, претседателот на САД, Барак Обама, едноставно рече дека интернетот е неопходна алатка за секој, без врска во која земја се. Со тој говор, стартуваше и иницијативата со која ќе се донесе брз интернет пристап до домовите од посиромашните семејства.

„Интернетот не е лукзус“, изјави г. Обама. „Тој е потреба. Не може да се поврзете со денешната економија без да имате пристап до интернет“.

ConnectHome иницијативата стартува во 27 градови низ САД со единствена цел да ги поврзе граѓаните од сиромашните домаќинства и руралните средини на со конкурентен интернет пристап. За почеток ќе се таргетираат над 275.000 домаќинства во кои има 200.000 деца. Според г. Обама секое дете заслужува да има светла иднина и шанса. „Способноста на детето да успее, не треба да се базира на тоа каде живее, и колку пари заработуваат неговите родители. Тоа не треба да биде цел на нашата земја“.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top
{title}