Fabledom е релаксирачка стратегија во светот на бајките

The Settlers серијалот нуди уникатни стратегии кои се особено ценети од оние кои првенствено сакаат да се фокусираат на градење, истражување и управување со населби. Кон оваа равенка дефинитивно се приклучуваат и игрите како Foundation, Banished и Kingdoms and Castles. Но, што доколку се извлечат најдобрите работи од овие четири игри и се покријат со розевата наметка на бајките?

Релаксирачка гејминг сесија

Тоа е констатацијата која константно ни одзвонуваше во главата додека ја тестиравме играта. Од почетното мени, преку милозвучното наративно објаснување, па се до управувањето на селаните и градењето, постојано бевме бомбардирани со релаксирачка еуфорија. Во ниеден момент не чувствувавме притисок или фрустрација, нешто што мајсторски беше потпомогнато и од суптилната музичка подлога.

Етапно отклучување структури

Со Fabledom времето губи на значај. Околината се впивува пред да се постават првите патишта, а потоа и првите структури. На селаните се даваат најразлични задолжувања, а потоа почнува паметно осмислената експанзија. Секој систем си има подсистем и за да можете да направите една структура, потребно е да се исполнат одредени услови. За функционалност на секоја од структурите потребно е да одредите селанец, а за привлекување дополнителни селани потребно е да имате соодветни структури кои ќе ги исполнат нивните потреби.

Кров, храна и љубов – добитна комбинација!

Селаните со кои управувате се суштества од едноставна природа и се водат од едноставни принципи на задоволување на нивната потреба за кров над глава, храна и љубов. За среќа, имате повеќе од доволно структури кои ќе се погрижат ем тие да бидат среќни, ем да привлечат дополнителни луѓе кон вашиот центар. А, откако ќе се здобиете со силна економска моќ, дури тогаш вистинската забава може да започне.

Механики заклучени зад брак

Демото го почнувате како принц или принцеза кој си бара сродна душа. Низ играта ви се пружаат можности да ја најдете вашата втора половина, а со тоа и да отклучите целосно нови механики при управувањето и градењето. Паралелно со ова, соработувате со соседите, но и тренирате армија доколку некој се осмели да ја подгази вашата чест.

Ран пристап на Steam

Fabledom допрва треба да се појави на Steam, како дел од нивната Early Access програма. Иако добра година дена ќе биде дел од раниот пристап, демото беше исклучително стабилно и полно со интересни новитети. Авторите планираат да ги прошират можностите за романтични врски, како и арсеналот од тајни, суштества, настани и квестови. Доколку сте фанови на вакви стратегии и имате одредени City Builder аспирации, тогаш играва е само за вашиот радар!

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk