Европа воведува построги казни за сајбер криминалците

Европа ќе ги засили казните за сајбер криминалците, посебно за оние кои се инволвирани во напади врз државна инфраструктура или напади врз компјутери со цел да се украдат доверливи податоци, јавува Reuters.

Новите казни за напад врз информатички системи ќе изнесуваат до две години затвор, но нападите врз инфраструктура како електрични централи, гасоводи, јавен превоз и слично, ќе добијат максимални казни од пет години затвор. Зголемени казни ги очекуваат и напаѓачите кои нелегално прислушуваат електронски комуникации или пак поседуваат опрема за пресретнување на комуникациите.

Европскиот Парламент во Стразбург – по иницијатива на Европската Комиисија – ги воведе построгите казни со 541 гласа за, 91 против и девет воздржани. Данска реши да не ја имплементира одлуката, со опција да го задржи својот закон каков што е сега или да направи промени. Владите на земјите-членки треба да ги усогласат своите закони во следните две години.

Построгите казни се речиси изнудена одлука откако пред само десетина дена беше растурена најголемата ботнет мрежа со 2 милиони инфицирани комјутери, преку која криминалците украле над 500 милиони долари од банки низ целиот свет.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk