Европа против DeepSeek

Avatar img-thumbnail img-circle

во ИТ.ЕУ

Германските власти побараа од популарните продавници за апликации како Google Play и AppStore да ја отстранат DeepSeek од понудата за корисниците од Германија. Германскиот комесар за заштита на податоци Меике Камп побара од Google и Apple во најкус рок да одлучат по нивното барање.

Засега нема директни показатели дека DeepSeek ги злоупотребува податоците во смисла на продавање или споделување со несоодветни трети страни. Главната загриженост на германските власти се однесува на незаконскиот пренос на податоци во Кина и потенцијалниот пристап на кинеските власти до тие податоци. Проблемот е што DeepSeek не успеала да докаже дека податоците на германските корисници се заштитени во Кина на исто ниво како во Европската Унија. Ова не е показател за злоупотреба. Повеќе претставува ризик за приватноста поради недостаток на соодветни заштитни мерки, но и потенцијалниот државен пристап до податоците во Кина.

Стартапот DeepSeek се катапултираше во јануари 2025. Тогаш објавија дека нивниот модел DeepSeek R1 има споредливи перформанси со ChatGPT o1, но е значително поевтин за работа. 

Забрана во Европската Унија

Доколку се потврди дека DeepSeek не ги исполнува законските барања веројатно ќе бидат забранети насекаде во ЕУ. Со оглед на тоа дека имаат ист закон, забраната може да се пропшири и во Обединетото Кралство.

„Секако  е веројатно дека овој инцидент може да доведе до целосна забрана во Европската Унија, бидејќи правилата кои важат во Германија се исти насекаде во ЕУ и во Обединетото Кралство.“, вели адвокатот Мат Холман за CNBC.

Според тврдењата на американски претставник DeepSeek  ѝ помага на кинеската армија и разузнавачките операции. Стартапот наводно споделува кориснички информации и статистика со кинескиот апарат за надзор. Оваа активност оди подалеку од едноставен пристап до отворени извори на AI моделите на DeepSeek. Кинескиот закон бара од компаниите што работат во Кина да даваат податоци на владата кога тоа ќе се побара. Ова е причина за загриженост за приватноста кај милиони корисници ширум светот. Претходно, американски законодавци изјавија дека DeepSeek пренесува податоци од американски корисници во Кина преку „бекeнд инфраструктура“ поврзана со China Mobile, кинески државен телекомуникациски гигант.

Photo by Solen Feyissa on Unsplash

DeepSeek е наводно вклучен и во обезбедување технолошки услуги и е поврзана со министерството за одбрана. Компанијата е спомната повеќе од 150 пати во евиденцијата за набавки на Народноослободителната армија на Кина (PLA) и други субјекти поврзани со кинеската одбранбена индустриска база. DeepSeek им обезбедува технолошки услуги на истражувачките институции на PLA, тврди американскиот претставник за Reuters.

Долга листа на забрани

Германија е последната европска држава која е претпазлива во однос на DeepSeek, но не е единствена. DeepSeek е веќе блокиран во Италија поради недостатокот од транспарентност за начинот на користење на лични податоци на корисниците.

Во Холандија DeepSeek е забранет за користење на телефоните и уредите на владините претставници, поради стравување за проблеми со безбедноста. Слично, белгиските власти издадоа препорака владините службеници да не ја користат DeepSeek додека не се направат дополнителни анализи.

Дополнителни анализи се прават и во Шпанија. Групата за права на потрошувачите OCU во февруари побара од владината агенција за заштита на податоци да ги истражи потенцијалните закани што ги носи DeepSeek. Досега сè уште нема стапено на сила целосна забрана.

Владата на Велика Британија изјави дека употребата на DeepSeek останува „личен избор за членовите на јавноста“. Сепак, додаваат дека продолжуваат да ги следат сите закани за националната безбедност и податоците на граѓаните од сите извори. Доколку се појават докази за опастност, подготвени се да преземат соодветни чекори.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk