Дали NSA ќе шпионира преку Kinect и Xbox One?

Во последниот месец на виделина излезе дека Агенцијата за национална безбедност на САД (NSA) ја следи целата комуникација која се одвива на друштвените мрежи и сервиси кои ги нудат големите ИТ компании. Знаејќи го тоа, сега се наметнува прашањето дали NSA ќе може да нѐ шпионира преку камерата на Xbox One?, прашува Verge. Можеби досега не можеле секогаш да имаат визуелен преглед на корисниците преку лаптопот, бидејќи го затвараме, или преку телефоните бидејќи често се во нашите џебови, ранци или се свртени со камерата надолу. Но, Kinect, кој доаѓа со секој нов Xbox One, ја има вклучено камерата во секое време, па дури и кога е исклучен.

Според Фил Харис од Microsoft, тие никогаш не би го искористиле Kinect-от за да следат некого. На блогот за Xbox е објавено дека камерата и микрофонот не снимаат и не испраќаат аудио-визуелна содржина до серверите на Microsoft, или кога се случува тоа, тие се анонимизирани. Гласовните команди стигаат до серверот, но пред да ја напуштат машината тие се трансформираат во текст.

Но, и покрај тие наводи, дали сѐ уште можеме да му веруваме на Microsoft кој соработуваше со NSA во набљудувањето? Дали тоа нема да се промени со некое од следните надоградувања? Во САД приватноста на корисниците е заштитена со четвртиот амандман, но како што покажаа неодамнешните откритија за програмите за набљудување, мета на тие програми се корисниците кои не се жители на САД.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
1 Коментар
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
Трајко Петко
Трајко Петко
11 years ago

Шпијунирајне??? НЕЕЕ! Е како да не, Мајкрософт ќе му дозвололел на Набљудувачкио Сервис од Америка
(НСА) да шпијунира како шо ќе му текнело!
Сигурно нема бееее….
(ахам, ко ќе си го видам тилот без огледала….)

п.с.
во случај да не се разбрафне, саркастичен беф!