0 коментари 2 мин. читање 6 јуни, 2013

Европа ќе инвестира 100 милиони во стартапи

Европската Комисија ќе инвестира околу 100 милиони евра во изнаоѓање на најдобро можно решение за иднината на пазарот за апликации. Во следните триесеттина дена ќе се организираат две „работилници“ кои би требало да ја обликуваат иднината на апликациите во Европа.

Првата, Eurapp ќе започне веќе следната недела и повеќе би требало да помогне и да го објасни начинот на кој Европската Комисијата ќе го разгледува пазарот на апликации и можноста за негово проширување и отстранување на клучните проблеми кој ги имаат развивачите. Најголем дел од говорниците се успешни претприемачи или основачи на стартапи, но и говорници од поголеми ИТ компании како Руд де Јонг од Microsoft и Ченг Ло од Samsung.

Втората иницијатива е трет дел од Startup Europe, позната како FI-PPP (Future Internet Public-Private Partnership) и ќе се однесува на распределба на фондот од 100 милиони евра на малите и средни стартапи. Грантовите ќе бидат помеѓу 50.000 и 150.000 евра, а освен додела на материјални средства, цел на иницијативата е и да се доведат на едно место акцелератори, менаџери и инвеститори од сите типови, од краудорсинг до „ангели“-инвеститори кои ќе разговараат за можноста претприемништвото за како да се отворат нови работни места за младите. Целта е да се трансформира економијата.

[youtube]2PjSJ6bRnOI[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top