На европските регулатори по се изгlеда им здодеа однесувањето на Microsoft. Откако во јули се заканија дека ќе го казнат Microsoft, сега отпочнуваат со правна развршница на случајот, јавува Reuters. Откако регулаторите чекаа три години за рамноправно интегрирање на сите прелистувачи во Windows 7, а тоа не се случи, тие се подготвуваат за правна разрешница.
Microsoft не оспорува дека не се однесува според договерните правила, односно го прекршуваат договорот на кој се обврза. Иако прифати, сепак не ја спороведува одлуката на која се обврз ауште пред 3 години да им понуди избор на прелистувачи на сите европски корисници кои ќе инсталираат Windows 7 .
ЕУ го примора Microsoft на ваков договор бидејќи сакаше корисниците да имаат избор на прелистувачи кои ќе бидат еднакво третирани како Internet Explorer кој доаѓа со Windows. Според најавата, во Windows 8 на корисниците ќе им биде понудена можност да одбирање на прелистувач. Но и тука конкурентските прелистувачи се жалат на фаворизирање на Internet Explorer.
Доколку биде прогласен за виновен, Microsoft се соочува со казна од 10 проценти од годишната заработка, oдносно 7,6 милијарди долари. До сега најголемата казна од ЕУ е таа од 1,36 милијарди долари изречена на Intel во 2009-та година. Втор е Мicrosoft кој во 2007 година плати околу 900 милиони долари казна заради лиценци.
Коментари
6 коментари
Коментарите се затворени.