Android има доминација од 80 отсто од сите преносни уреди на пазарот, но има уште поголема доминација кога е во прашање злонамерниот софтвер. Дури 97 отсто од малициозниот софтвер кои ги напаѓа мобилните платформи доаѓа од Android, сепак само 0,1 отсто од овие доѓаат од Google Play, покажува истражувањето на F-Secure. Во 2013 година бројот на различни типови на злонамерен софтвер кој го напаѓа Android пораснал од 238 на дури 804, а освен за Android, F-Secure пронајде и 7 нови закани за Symbian. Blackberry OS, iOS и Windows Phone не бележат нови типови или модификации на заканите.
Интересно најголем дел од детектираните забележани заразани уреди доаѓаат од Саудиска Арабија, дури 42 отсто, по нив е Индија со 33 отсто, па следат САД и Финска со 5 отсто. Во четирите кинески Android маркети 10 отсто од апликациите се заразени со малициозен софтвер, а Google Play е на последниото место со 0,1 отсто. F-Secure сепак констатира дека веројатно причината за ове е што Google веднаш ги отстранува овие апликации од маркетот. Влезот на Google Play во што е можно поголем дел на пазарите ќе предизвика намалување на опасноста од злонамерен софтвер.









