Европа го казни Google со рекордни 5 милијарди долари

Европската комисија одлучи дека Google со Android ја злоупотребува доминантната положба која ја имаат на пазарот. Поради додавање на апликации и сервиси со Android оперативниот систем, Google сега ќе мора да плати речиси 5 милијарди евра казна. Поточно казната е 4,3 милијарди евра поради злоупотреба која ја имаат врз Android. Ова е втора казна за Google последниве две години. И новата казна како и претходната е рекордна. Казната која Google ја плати во 2017 година изнесуваше 2,42 милијади евра.

Додавањето на задолжителни апликации во оперативниот систем е само една од причините за казна, а компанијата е казнета за 3 лоши практики.

  • Преинсталирање на софтвер за да овозможи пристап до друг софтвер, во случајот Google Play. Дополнително, Google на дел од производителите (Samsung, Huawei и LG) им поставил ултиматум: „Или ќе инсталираат Chrome и Google Search или нема пристап до Google Play“.
  • Компанијата е обвинета и дека на некои од поголемите производители и големи мобилни мрежи им налагала да не користат ниту еден друг пребарувач.
  • Компаниите кои не сакале да ги користат апликациите на Google не смееле да користат никаква верзија на Android.

Google ја искористил доминацијата на Android за да ја цементира својата доминација во пребарувањето, вели Европската комесарка Маргарет Вестагер.

Google веднаш најави дека ќе ја обжали пресудата: „Android креираше поголем избор за сите, не помал. Активен екосистем, брзи иновации и пониска цена се класичен показател за конкурентност“.

Аналитичарите сметаат дека иако одлуката е правилна, за жал доаѓа предоцна. Google веќе има доминација на пазарот, и нема изгледи да се појави некој кој би можел да им конкурира.