Најголемиот ланец на физички продавници Walmart постигна договор да го користи облакот на Microsoft. Сервисите на Microsoft треба да овозможат и алгоритми за споделување на податоци и статистики од продажбата со продавачите. Сепак она што ги спои девете компании е ривалството кое го имаат со Amazon, потврди Сатја Наделa од Microsoft.
Стратешкото партнерство кое почнува денес ќе трае барем следните 5 години, објави Wall Street Journal.
Wallmart ќе го користи машинското учење и вештачката интелигенција од Microsoft. Технологијатa треба да помогне вработените да бидат поефикасни, a Walmart од неодамна ги крати ама баш сите трошоци. Дополнително, технологијата ќе помогне и за поголема ефикасност на вклучените апарати, на пример оптимална работа на фрижидерите.
Microsoft работи на технологија која ќе овозможи продавници без касиери. Amazon веќе има ваква технологија и Amazon Go продавници во кои ја тестира и користи. Walmart ја сака оваа технологија, а Microsoft веќе вработил поранешен експерт на Amazon, јави Verge.
Ова е втор договор кој Walmart го прави со технолошките ривали на Amazon. Компанијата веќе има договор со Google за продажба на производите на Google Express маркетот.
Коментари
1 коментар
Коментарите се затворени.