0 коментари 1 мин. читање

Донирајте и преку мобилната апликацијата „Донации“

Здружението “Хуманост без граници” Прилеп и сајтот www.donacii.mk, ја објавија својата прва апликација за донирање.

Апликацијата е достапна за Android и за iOS, а единствена цел и е да го направи донирањето полесно. Апликацијата ова и навистина го овозможува преку едноставно споделување на сите лица на кои им е потребна помош.

Апликацијата има телефонски повик до сите апели за помош кои се активни на платформата. Со неколку кликања на екранот корисникот одбира кои проект ќе го поддржи. Дополнително, апликацијата овозможува едноставно споделување на апелите за помош на друштвените мрежи.

Она што мора да се забележи е дека заради природата на сервисот, апликациите функционираат единствено со македонски SIM картички.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top