Европа ги избра локациите на првите центри за квантна технологија

Avatar img-thumbnail img-circle

во ИТ.МК

Чешка, Германија, Шпанија, Франција, Италија и Полска ќе бидат првите држави во кои ќе бидат изградени првите квантни компјутери во Европа. Компјутерите се дел од European High-Performance Computing Joint Undertaking (EuroHPC JU) иницијативата. Пристап до нив ќе имаат академски истражувачи и истражувачи од индустријата, без разлика каде во Европа се лоцирани.

Новите квантни компјутери ќе бидат интегрирани во веќе постоечки суперкомпјутери на одбраните локации. Висината на инвестицијата е 100 милиони евра, половина од сумата е обезбедена од Европската Унија, а другата половина ја обезбедуваат 17 држави кои учествуваат во (EuroHPC JU).

Ова е пар екселанс пример за европски проект. Со здружени ресурси и знаење можеме да преземеме лидерство во полето кое е од суштинско значење за иднината на нашето дигитално општество. Ова придонесува за нашата борба против климатските промени, и е суштински чекор од визијата за распоредување на суперкомпјутерска и квантна компјутерска инфраструктура од светска класа во Европа која ќе биде достапна насекаде во ЕУ“, вели Маргирите Вестагер извршен потпретседател на Europe Fit for the Digital Age.

Ако сѐ се одвива според плановите првите квантни компјутери треба да бидат достапни во првата половина на 2023 година. Веќе има и неколку апликации на кои истражувачите ќе можат да работат. Ќе се работи на развојот на нови лекарства, решавање на сложени логистички и проблеми со распореди; развој и тестирање во виртуелна околина на различни материјали, кои ќе се користат во различни индустрии.

Што е EuroHPC JU

Учесници во EuroHPC JU во квантната иницијатива се: Белгија, Чешка, Данска, Германија, Ирска, Шпанија, Франција, Италија, Латвија, Холандија, Полска, Португалија, Романија, Словенија, Финска, Шведска и Норвешка. Иницијативата започна во 2018 година со идејата да се здружат повеќе ресурси, за Европа да биде лидер во развојот на суперкомпјутери.

EuroHPC JU веќе инвестираше во два проекти кои започнаа да се реализираат на крајот на 2021 година. Целта на проектите е да се интегрираат два квантни симулатори, секој со над 100 кубити, во два супер компјутери. Првите квантно-надградени суперкомпјутери ќе бидат „Жолиот Кири“ од GENCI во Франција и „JUWELS“ во Jülich Supercomputing Centre во Германија.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk