0 коментари 2 мин. читање 23 април, 2014

Словенечкиот Mediatly ги дигитализира лекарствата и во Србија

Словенечкиот стартап Modra Jagoda, и пред се нивната апликација Mediatly, продолжуваат да ги освојуваат пазарите во регионот. Најнова на листата на држави во која се присутни е Србија, каде Mediatly ќе се користи за пребарување на лекови. Стартапот неодамна доби 100.000 евра од бугарскиот акселератор LAUNCHub за понатамошен развој.

Mediatly преку своите Android и iOS апликации им овозможува на корисниците да пребаруваат по 2.500-те достапни лековите во зависност од: името на лекот, активната супстанца или ATK кодовите, покрај ова апликацијата известува и за начинот на дозирање, индикации и инетракции, цена, состав и слично. Креатори на апликацијата се двајца доктори Јуре Триглав и Нејц Томшиќ, Марко Николовски и Блаж Триглав.

Желба на креаторите на Mediatly е апликациите да бидат достапни на сите светски јазици насекаде во светот. Во Словенија апликацијата ја користи секој трет доктор, што е навистина одлично бидејќи апликацијата е наменета да го реши проблемот со премноги информации со кој се соочуваат сите лекари, јавува Netokracija.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top