Хакерите најчесто прават негативни работи, вели македонскиот премиер Никола Груевски во 5-часовната емисија на Миленко Неделковски, во која меѓу политичките теми за кои се дискутираше беше и „како Македонија ќе инвестира во хакерите“.. Премиерот беше брз да одговори дека „хакерството е нелегална професија“. Но, новинарката Мирка Велиновска инсистираше дека „најкретивната и најсмелата македонска хакерска заедница“ можат да бидат искористени во полза на Македонија, наместо да бидат оставени да се бават со нелегални активности. По тоа инсистирање, откако беа посочени примери од други држави, г. Груевски се оправда со дообјаснување дека „хакерите“ можат да се појават на разни конкурси или да го искористат талентот да се вработат во администрација.
Во суштина, целата дискусија која може да ја видите во видеото, беше во негативен контекст за хакерите кои се гледаа како криминалци (беше спомената и заштита од лустрација?), најверојатно поради медиумите кои шират такви вести, како што посочи г-ѓ.а Велиновска. Се чини дека сите во дискусијата не се запознаени со етичкото хакирање.
[youtube]ySvVcnLhsSs[/youtube]
Коментари
10 коментари
Коментарите се затворени.