2 коментари 2 мин. читање

Google сака да ги откачи лозинките во замена со USB логин

Времето на лозинки и на „колачиња“ за потврдување на дигиталниот идентитет наскоро ќе биде минато. Google размислува лозинките да ги замени со USB-„проверувач“, кој кога ќе го вметнете во USB читач, автоматски ќе го потврди вашиот идентитет, пишува The Wired. Google на овој проект соработува  со Yubico, компанијата која ги призведува USB клучевите. Авторизацијата која се прави со колачиња и лозинки, можеби е најевтиниот модел, но веќе не е адекватен, велат од двете компании.

Засега предизвик за имплементација на авторизатори е прилагодување на прелистувачите за интегрирање на овие клучеви. Откако ќе се изврши прилагодувањето, користењето ќе биде едноставно. Ќе го отворите прелистувачот и ќе го вклучите USB-то автоматски ќе се логирате на страните, а регистрацијата на клучот ќе се прави со еден клик на глушецот. Друг проблем е што ќе треба да се убедат и сопствениците на веб страните да овозможат логирање со USB-клучеви.

Овие клучеви не се ништо ново и повеќе години се користат за авторизација на најголемиоте MMO-игри или за отклучување на софтвер. Овојпат за првпат се зборува за  широка примена и заштита на податоците на „веб сурферите“ од кражба на идентитет.

Сепак, како ова да не е доволно едноставно за во иднина Google најавува дека авторизацијата ќе ја правиме со телефони, со паметни прстени или часовници,  во кој е интегрирана картичка. Опасноста од ова се разбирира е доколку го изгубите или некој ви го украде клучот, ќе има целосен пристап до вашиот „дигитален идентитет“.


Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top