Apple ќе објави три нови телефони оваа година?

После информациите дека Apple планира да развијат поевтин iPhone, излегоа и гласини дека во оваа година компанијата ќе лансира дури три нови модели на iPhone. Според информации од Азија во текот на оваа година би требало нов 4-инчен iPhone 5S доаѓаат и 4,8-инчен iPhone. Во извештаите стои дека новиот iPhone го нарекуваат „Math“, за што се претпоставу ва дека тоа е неговото кодно име. Додека, третиот iPhone кој ќе има 12 мегапикселна камера, треба да биде објавен нешто пред почетокот на божиќните празници во САД.

Проблемот со нови iPhone телефони со различен екран е што може да доведе фрагментација на iOS пазарот, пишува Business Insider, бидејќи програмерите ќе треба да прават апликации за 3,5-инчен, 4-инчен и можеби 4,8-инчен iPhone, и 7,8-инчен и 9,8-инчен iPad. „Можеби Apple ќе претстави и елегантно софтерско решение за овој проблем“, е логичкиот заклучок.

Инаку, информациите за поефтин телефон за кинескиот пазар беа демантирани, а во текот на минатата недела од Apple ја намалија нарачката на делови, но изгледа дека после ова сигурно ќе има уште една голема тура на нарачки на екрани и камери за новите уреди.

Секако, ова се само шпекулации, но сигурно нешто се работи во Apple и би требало да излезе во текот на оваа година.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments