0 коментари 1 мин. читање 30 јуни, 2014

Euclid the Game е едукативна игра која ќе ве предизвика со креативни геометриски задачи

Euclid the Game е забавна и едукативна игра за сите кои ја сакаат геометрија. Играта е дело на Каспер Полен кој пред една година побара од програмерската зедница да биде креирана ваква игра, па, откако никој не се нафати на овој негов предизвик, г. Полен седна и научи Javascript и Geogebra. Играта ги запознава играчите со основите на Евклидовата геометрија, и ги учи на конструкција на триаголници, бисектриси, тангенти, кружници, нормали и слични предизвици. Задачите се така подредени што дел од основите како: „поделба на отсечка на половина“ или „конструкција на нормала“ се дел од првите проблеми, а потоа играта ги сместува во алатките кои може да се користат за решавање на преостанатите проблеми. За дел од проблемите е потребно познавање на геометрија и некои теореми, но во коментарите можете да видите дел од решенијата.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top